петок, 18 октомври 2024

Македонија ќе добие донација од 11 илјади вакцини против ковид-19

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска за прв пат најави дека Македонија во наредните десетина дена ќе добие донација од 11 илјади вакцини против ковид и грип.

Објавено на

часот

Сподели

Комисисијата за заразни болести препорача вакцинирање против ковид-19, особено на лицата постари од 65 години, имајќи предвид дека заразната болест засилено се шири, но граѓаните се жалат дека вакцини нема. Што ќе се преземе на тој план?

Вакво новинарско прашање му беше упатено на министерот за здравтво.

„Набргу доаѓа донација од 11 илјади дози вакцини против ковид-19, се надевам да  пристигнат во следните десет дена. Преку Европската комисија се водат набавките за сите држави во Европската Унија, а и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тоа е во финална фаза и набргу сите европски држави ќе бидат снабдени, па и Македонија, со вакцини птотов инфлуенца и ковид-19“, рече министерот Таравари.

Инаку, во последните две недели во Македонија имаше околу 500 случаи на ковид-19 потврдени со лабораториски тест, а три лица починаа од заразата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ