петок, 26 јули 2024

Македонија ќе купува италијански хеликоптери Леонардо

Околу 330 милиони евра Министерството за одбрана планира да потроши за набавка на четири хеликоптери Леонардо AW149 и четири AW169M. Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека ќе се заменат застарените советски летала (Mi-8MT, Mi17V-5 и Mi- 25 V).

Објавено на

часот

Сподели

Леонардо даде најдобра понуда во споредба со хеликоптерите на Ербас со H145M и H225M, на Бел со 412M и на Локхед Мартин (Lockheed Martin) со S-70 Black Hawk. Според Петровска, изборот е направен врз основа на комплетноста, цените и системите за логистика и одржување на авионите, објави Скрембл, специјализиран германски портал.

Следува потпишување на договорот меѓу владите на Македонија и Италија, а испораката на хеликоптери ќе следува за 24 до 36 месеци по потпишувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ