Леонардо даде најдобра понуда во споредба со хеликоптерите на Ербас со H145M и H225M, на Бел со 412M и на Локхед Мартин (Lockheed Martin) со S-70 Black Hawk. Според Петровска, изборот е направен врз основа на комплетноста, цените и системите за логистика и одржување на авионите, објави Скрембл, специјализиран германски портал.
Следува потпишување на договорот меѓу владите на Македонија и Италија, а испораката на хеликоптери ќе следува за 24 до 36 месеци по потпишувањето.