петок, 25 октомври 2024

Македонија ќе игра пријателски меч против Хрватска во Ријека

Фудбалската репрезентација на Македонија, на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска кој ќе се случи во Ријека.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), го потврди пријателскиот натпревар против бронзената селекција од последното Светско првенство, Хрватска.

Селекторот Благоја Милевски кој го продолжи договорот, е задоволен што Македонија ќе има меч против една силна селекција како Хрватска.

„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ