„Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка“, напиша Османи на Твитер.
Тој додаде дека во овој момент од клучно значење е зачувувањето на мирот и стабилноста, најавувајќи притоа дека многу скоро повторно ќе ја иницира посетата на Митровица.
Османи вчера беше во Белград, а денеска во Приштина, каде како претседавач со ОБСЕ разговараше за состојбите во Србија, односно Косово, како и во регионот.