Македонија лошо го почна мечот, но таква беше само првата четвртина која Бугарите ја добија со 18-15. Во продолжението се беше на наша страна, резултатот го свртевме уште во вториот период, на полувремето заминавме со водство од 40-33.
Во вториот дел нашите кошаркари го зголемуваа водството за на крајот да слават со убедливи 83-54.
Теодор Симиќ со 21 поен беше најефикасен во нашиот состав, Андреј Митревски постигна 19 поени, двоцифрен беше и Марин Петков со 11 поени.
По три одиграни натпревари во групата „А“, Македонија има скор од две победи и еден пораз.
Еден пораз, засега, имаат и репрезентациите на Чешка и на Бугарија. Но Бугарите го затворија своето учество во групата со ефект (3-1), додека Чешка (скор 2-1) во последниот круг од натпреварите ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Словачка.
Со победа над Ирска, Македонија ќе биде првопласирана, а ако Чешка ја совлада Словачка, ќе биде вториот патник во друштвото на осумте најдобри на шампионатот во Скопје.