сабота, 26 октомври 2024

Македонија ја победи Грција во Солун

Македонските ракометари остварија тесна победа од 23-22 во втората пријателска средба со Грција која се играше во Солун.
 

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашното реми од 29-29, Грција и Македонија одиграа уште еден неизвесен натпревар, овојпат тој ѝ припадна на македонската репрезентација.

На полувремето Македонија имаше предност од 12-10, но Грците успеаа да се вратат и да ја анулираа негативата, тргнаа подобро во вториот дел и изедначија на 14-14.

Македонија успеа да се одлепи на 20-17, но Грција повторно се доближи, сепак драматичниот финиш ѝ припадна на нашата репрезентација за победа од 23-22.

Серафимов со пет голови беше најефикасен во нашиот состав, по три постигнаа Филип Талески и Мартин Велковски, Никола Митревски мечот го заврши со девет одбрани.

Овие две пријателски средби беа дел од подготовките на двете репрезентации за настапот на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ