петок, 18 октомври 2024
Голем триумф на тенисерките

Македонија ја победи Ерменија во финалето и се пласира во Втората Евро-африканска зона

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот со Ерменија го почнавме со пораз. Магдалена Стоилковска го загуби мечот против Ирена Мурадјан. Беше 2-1 во сетови за Ерменката, 6-4, 4-6 и 6-0.

Следуваше настап на нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која експресно, без загубен гејм ја победи Марина Давтјан со 6-0 и 6-0, по што израмнивме на 1-1.

Дуелот во двојки беше решавачки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги победија противничките Ирена Мурадјан и Марина Давтјан. Македонските тенисерки го добија дуелот со 6-3 и 6-2 со што славеа со 2-1 во партии и го освоија турнирот.

По осум години настапување во Третата зона од Били Џин Кинг купот Македонија направи промоција во ранг повисоко. Ова е вторпат женската репрезентација на Македонија да се избори за еден ранг погоре. Првиот пат тоа го направија 2000 година кога во Португалија ги совладаа сите ривали и се изборија за пласман во Првата Евро-африканска зона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ