Селекцијата на Македонија го имаше првиот тест во подготовките за настап на Европското првенство во Германија.
Денеска во Стара Пазова се сретнавме со селекцијата на Црна Гора, мечот по договор меѓу двајцата селектори се играше во три полувреме.
Македонија го доби првото полувреме со 22-17, по 60 минути игра резултатот беше 39-37 за нашата репрезентација. Потоа се играа уште 30 минути кои ги добивме со 15-14.
Момците на Кире Лазаров сега се враќаат во Македонија, следуваат слободни денови, а со подготовките ќе се продолжи на 2. јануари.
Следните пријателски натпревари се против Грција во Скопје, на 4 и 5 јануари.
Европското првенство во Германија го почнуваме на 10. јануари во Дизелдорф против селекцијата на Франција. Во нашата група се уште домаќинот и Швајцарија.