Македонските фудбалери одиграа одличен меч и остварија убава победа против селекцијата на Ерменија.
Селекторот Милевски комбинираше, шанса добија оние кои помалку играа, но беа присутни и стандардните.
Резултатот го отвори Александар Трајковски кој постигна гол во самиот финиш од првото полувреме, Македонија на одмор замина со предност од 1-0.
По 14 минути игра во второто полувреме го зголемивме водството, Милан Ристовски погоди за 2-0.
Во 88. минута Даци се избори за позиција и постигна гол за убедлива предност на Македонија од 3-0.
Пред самиот судиски свиреж за крај, Ерменија преку Спертсиан од слободен удар постигна почесен гол за конечни 3-1 за Македонија.