„Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Ефес 24“, во Турција, во организација на вооружените сили на Република Турција, а којашто се очекува да придонесе да се надградат стекнатите знаења и да се добијат дополнителни знаења и искуства во доменот на планирање НАТО операции во мултинационална средина“, велат од Владата.
Донесена е и одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Енергичен воин 24” во Унгарија.
„Вежбата е во организација на Медицинскиот центар за извонредност на НАТО и на неа, покрај припадници од НАТО членките, е предвидено учество и на претставници од партнерски земји на НАТО Алијансата. Вежбата ќе овозможи подобрување на интероперабилноста на припадниците на Армијата во давање медицинска поддршка при извршување заеднички мултинационални операции“, соопшти владината прес служба.