понеделник, 16 декември 2024

Македонија има вишок локомотиви? Србија изнајми четири за да возат од Солун кон Белград

Соочена со проблемите кои ги има Македонија со железничкиот транспорт, Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија карго денеска соопшти дека склучило договор со Железници на Северна Македонија – Транспорт АД Скопје, според кој ќе ѝ изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратегиска соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки.

Објавено на

часот

Сподели

Србија карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон дестинации во Европската Унија, јавува МИА од Белград.

„Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси“, се додава во соопштението.

Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви од Македонија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој минува низ Македонија и Србија.

„Србија карго генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Железници на Северна Македонија со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании како Коско, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија“, се наведува во соопштението.

Овој договор овозможува полесна и побрза соработка меѓу соседните земји и претставува значаен чекор кон модернизација и подобрување на железничкиот транспорт во регионот, дополнително зајакнување на економските и инфраструктурните врски меѓу Србија и Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ