сабота, 27 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Македонија и Стејт департментот

Во една моја претходна колумна напишав дека во изминатите години, луѓето задолжени за политички прашања и ПР во американската амбасада, комплетно потфрлија во Македонија. Потрошија милиони долари од американските даночни обврзници, без никаков ефект. Напротив, со поддршка на залутани и полуписмени политичари, со финансирање на невладини проекти од кои корист имаат само поединци и катастрофален ПР преку портали и јавни медиуми, успеаја мнозинството од граѓаните да ги натераат да „навиваат за Путин“. Но, не е само тоа.

Деновиве ме посети мојот другар, кој замина во Америка во далечната 1986 година. После десетина дена средби со роднини, другари од детството, комшии и пријатели, не можеше да верува дека во Македонија, без малку владее антиамериканско расположение.

Тој тоа го препиша на неинформираноста на граѓаните, со цел да не каже некој потежок збор.

Мојот другар сепак не добива плата од Стејт департментот и има право на сопствено мислење. Но луѓето што таму работат сепак треба сериозно да размислат каде ја туркаат Македонија со оваа политика.

Без разлика дали е вистина или не, секој граѓанин е убеден дека Македонија се управува од „калето“.

Без разлика дали е вистина или не, секој граѓанин е убеден дека криминалот на политичарите е заштитен од „калето“.

Без разлика дали е вистина или не, секој Македонец е убеден дека албанските политичари се како „заштитени мечки“ од  „калето“.

Без разлика дали е вистина или не, секој граѓанин е убеден дека „неколку стари и неколку новопечени олигарси“  може да ја „ораат“ Македонија како своја сопственост под заштита на „калето“.

Од друга страна, исто така без разлика дали е вистина или не, мнозинството од граѓаните сè уште сметаат дека единствено „калето“ може да ја спаси Македонија.

Без разлика дали е вистина или не, секој граѓанин на Македонија е убеден дека доколку САД сакаат да ја притиснат Европа, Македонија експресно би влегла во ЕУ.

Без разлика дали е вистина или не, секој граѓанин на Македонија е убеден дека САД може да ја „ОХРАБРАТ“ Бугарија да престане да се глупира и да  ја исполнува руската агенда на блокада на Македонија за влез во ЕУ.

Без разлика дали е вистина или не, секој граѓанин е убеден дека американските политичари може да го решат прашањето на Македонија  (политичко и економско) само ако мрднат со малиот прст.

Ако се тоа е така, тогаш е јасно зошто огромното мнозинство од граѓаните на Македонија се разочарани од американската политика кон Македонија и „навиваат“ за Путин.

Затоа Стејт департментот треба да мрдне со прстот и да се посвети на овие прашања. Декларативни заложби без конкретни активности, само предизвикуваат контра ефект и водат кон нешто што се вика постепено ,но сигурно палење на балканското буре барут.

Стејт департментот треба да направи две работи, една на надворешен план и една на внатрешен план, поврзано со Македонија.

На надворешен план, треба да ја внесе Македонија во ЕУ во која било форма што овозможува слободен проток на луѓе, стоки и пари, право на работа, право на престој во која било земја членка на ЕУ  и пристап до европските фондови за поддршка на земјите аспиранти.

На внатрешен план треба да ги седнат актуелните политичари (пр. во Дојран) и да ги „охрабрат“ да потпишат „Дојрански договор“ за формирање на  техничка Влада за национален спас, со мандат од 4 години.   

Оваа Влада на национален спас треба да спроведе суштински реформи за комплетна децентрализација на власта од државно на локално ниво и план за економски спас на Македонија.

Процесот на децентрализација мора да се однесува и на финансиската децентрализација.

Само со префрлање на најголемиот број ингеренции од државно на локално ниво е можно стабилизирање на државата, пресекување на Гордиевиот јазол на партизација на сите пори на државата,  стопирање на корупцијата и воведување на системот на владеење на правото.

Американската амбасада во Македонија секако е почетокот и шансата за реализација на таков проект.  Дали тоа ќе се случи?

Американскиот Конгрес рече ДА. Даночните обврзници на САД ќе уплатат стотици милиони долари за реализација на одлуките на Конгресот. Граѓаните на Балканот, а посебно ние во Македонија, набрзо ќе дознаеме дали балканското буре со барут ќе експлодира или не.

                                                                                                                                                 Ангел Наков

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ