сабота, 21 декември 2024

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка во гасниот сектор

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија денеска во македонската Влада склучи Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Министерството за рударство и енергетика на Република Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Гасниот интерконектор Македонија – Србија е означен како водечки проект за енергетиски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.

Со меморандумот се предвидува испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас. Во рок од 9 месеци ќе се изработи физибилити студија и студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу државите.

Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, страните ќе ги анализираат и ќе преземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејства, соопшти Министерството за енергетика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ