вторник, 24 декември 2024
Средба Муцунски-Липавски

Македонија и Чешка ќе ја продлабочуваат соработката во полето на меѓународното право

Во рамки на работната посета на Чешка, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски. Посетата, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), ја одразува посветеноста на Македонија кон градење на цврсто партнерство, засновано на меѓусебно почитување и заеднички вредности.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата двете страни го поздравиле динамичниот и континуиран политички дијалог помеѓу двете земји и одличната билатерална соработка која трае веќе 30 години.

„Дополнително, беа изразени заемни заложби за интензивирање на економската соработка, а во таа насока, покрај денешниот бизнис форум, беше инициран и голем економски настан кој ќе биде одлична можност за продлабочување на соработката меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за низа важни прашања, вклучувајќи трговија, миграција, како и културна и образовна соработка“, се вели во соопштението од Министерството.

Фокусот на разговорите бил ставен и на актуелните геополитички прашања, особено агресијата на Русија врз Украина, при што беше најавено продлабочување на соработката во полето на меѓународното право.

Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната и јасна поддршка од Република Чешка за пристапниот процес на нашата земја кон ЕУ, рефлектирана и преку нејзината активна улога во Вишеградската група и групата Пријатели на Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ