среда, 6 ноември 2024

Maкедонија и Албанија треба да ги отворат кластерите и поглавјата, согласни Османи и Хасани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани, кој е во прва официјална посета на Македонија, се согласија дека двете земји треба во интеграцискиот процес кон ЕУ треба да ги отворат кластерикте и поглавјата.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на средбата, како што информираат од Министерството за надворешени работи, биле билатералните односи, актуелните политички состојби во регионот, НАТО сојузништвото, како и европските перспективи на двете земји на што бил даден посебен осврт.

„Двете земји веќе една година активно водеа преговори со кои успешно го заврши скрининг процесот, добивајќи добри, да речам одлични оценки. Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолговлекува, напротив, двете земји треба да ги продолжат преговорите, и да ја забрзаат својата интеграција уште пред полноправното членство“, истакна Османи, посочувајќи на целосната или 100-процентна усогласеност со Заедничката и безбедноста политика на Унијата, високата имплементација на европското законодавство, како и на фактот дека двете земји се веќе НАТО сојузници заедно со најголемиот број европски земји.

На средбата биле отворени и темите и за регионалната соработка, бројните регионални иницијативи, и воопшто меѓусебната поддршка во мултилатералните организации. Било потенцирано дека дете земји имале значајна мултилатерална улога изминатава година: Македонија како претседавачи со ОБСЕ, а Албанија како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ