вторник, 22 октомври 2024

Македонија и Албанија ќе соработуваат во областа на правата од индустриска сопственост

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на оваа средба беше потпишување на договорот за соработка во областа на индустриската сопственост со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји. Двајцата директори изразија меѓусебна подготвеност и добра желба за соработка на ова поле со цел да се зголеми свеста за правата од индустриска сопственост, со што ќе се обезбеди најефикасно спроведување на овие права за соодветните држави“, пишува во објавата на двете институции.

Директорката Беќирај оценила дека овој договор е од големо значење.

„Потпишувањето на овој договор е стратешка обврска на Генералниот директорат за индустриска сопственост дополнително да ги зајакне билатералните односи на меѓународно ниво со колективните канцеларии од областа на индустриската сопственост“, оценила таа, како што се посочува во објавата на ДППИ.

Според истиот извор, двајцата колеги меѓусебно изразиле подготвеност да соработуваат на ова поле со цел да се зголеми свеста за правата од индустриска сопственост, а со тоа да се обезбеди најефикасно спроведување на овие права за соодветните држави.

Според објавата на македонскиот Завод за индустриска сопственост на средбата учествувал и генералниот директор на Агенцијата за индустриска сопственост на Република Косово,  Иса Дукај. 

Оваа средба била „резултат на многу добрата соработка помеѓу нашите три земји”.

„Трите канцеларии меѓусебно се договорија за организација на активности и координација на заеднички иницијативи, главно насочени кон промоција и свесност за правата од индустриска сопственост, нивна имплементација, но и активности поврзани со унапредување на географските ознаки“, пишува во објавата на ДЗИС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ