недела, 20 октомври 2024

Македонија Ѓорче Петров со убедлив пораз го заврши настапот во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ЃП загуби со 1-0 на мечот во Скопје, па во Летонија отпатува по чудо кое сепак не се случи.

Македонскиот тим беше рамноправен во воведниот дел од мечот, имаше неколку можности да поведе, но наместо тоа прими гол во 43. минута, Куадио донесе водство за РФС.

По пет минути игра во вториот дел Стојкоски изедначи на 1-1 и ја врати надежта на Македонија Ѓорче Петров.

Но, само осум минути подоцна Куадио даде нов гол и донесе ново водство за РФС, овојпат од 2-1.

До крајот на мечот голови дадоа и Паниќ и Зеленковс за конечна победа од 4-1.

Македонија Ѓорче Петров е елиминирана со вкупен резултат од 5-1.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ