сабота, 27 јули 2024

Македонија го загуби првиот тест против Романија

Ракометната репрезентација на Македонија загуби на првиот тест против Романија, избраниците на Кире Лазаров беа поразени со 32-27.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на подготовките за бараж-дуелот за Светското првенство, Македонија закажа два пријателски натпревари против Романија.

Вешерашниот дуел, кој се играше зад затворени врати, заврши со победа на Романија.

Првото полувреме беше прилично израмнето, а Македонија на пауза замина со минимална предност од 15-16.

Сепак, во вториот дел Романија направи пресврт и на крајот славеше со 32-27.

Македонија утре ќе одигра и втор пријателски меч против Романија, кој ќе биде отворен за јавноста и ќе се игра пред публика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ