Во рамките на подготовките за бараж-дуелот за Светското првенство, Македонија закажа два пријателски натпревари против Романија.
Вешерашниот дуел, кој се играше зад затворени врати, заврши со победа на Романија.
Првото полувреме беше прилично израмнето, а Македонија на пауза замина со минимална предност од 15-16.
Сепак, во вториот дел Романија направи пресврт и на крајот славеше со 32-27.
Македонија утре ќе одигра и втор пријателски меч против Романија, кој ќе биде отворен за јавноста и ќе се игра пред публика.