„Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена“, стои во соопштението од МНР.
Како што објавија светските медиуми, израелската војска пукала врз толпа цивили собрани за да добијат хуманитарна помош. Како што соопшти Министерството за здравство на Газа, најмалку 112 луѓе биле убиени во нападот.
Footage : documenting the Israeli army's firing at hungry people in #Gaza who were waiting for humanitarian aid to arrive, resulting in more than 150 deaths and over a thousand injuries this morning !#GazaStarving
pic.twitter.com/xV4Sy6fv1k— Nour Naim| نور نعيم (@NourNaim88) February 29, 2024
Ситуацијата во Газа за цивилите е катастрофална, таму е проблем и храната и здравата вода за пиење, а наогромен број жители им се урнати живеалиштата и тие живеат или под ведро небо или во некој од сместувачките капацитети каде ситуациата е исто така ужасна.