сабота, 27 јули 2024

Македонија го има петтиот најубав дрес во историјата на Европските првенства

Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските првенства, а на неа е и македонската репрезентација која се најде на високото петто место.

Објавено на

часот

Сподели

Како загревање за престојното Европско првенство, фудбалскиот медиум направи листа од најдобри десет дресови. Македонија иако само еднаш се појави на континентален собир, имаше толку впечатлив дрес, што се најде на петтото место на листата.

„Знамето на Македонија со светло жолто сонце и зрази на црвена позадина е едно од најлудите во светот, така што беше сосема правилно што фудбалската репрезентација повеќе од суптилно го аплицираше на нивниот дрес на ЕВРОП 2020, нивното деби на турнирите. Германскиот бренд „Јако“ никогаш нема да биде најкул производител на дресови, но никој не им го одзема овој брилијантен дрес кој на себе го носеше најголемиот играч на Македонија, Горан Пандев“, стои во написот за нашиот дрес.

За најдобар дрес е прогласен дресот на Холандија од Европското првенство во 1988 година.

Целата листа на дресови можете да ја погледнете на овој ЛИНК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ