сабота, 27 јули 2024

Македонија е прва земја што почнува ИПАРД 3 програма, а на располагање има 97 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

„Една мала земја како нашата, успеа да се избори за лидерско место во конкуренција со двојно поголеми држави и држави членки на ЕУ. Доказ за тоа е што ние имаме број на инвестиции колку Србија, Црна Гора и Албанија заедно. Ние сме лидери по три основи: имаме најголема искористеност од 98 проценти на средствата од ИПАРД 2 со склучени 2 369 договори, нула евра поврат на средства за целиот ИПАРД 2 период и први во регионот почнуваме со ИПАРД 3 програмата. Овој успех се мери во милиони евра инвестирани дома, во инвестиции по европски стандарди за модернизација на земјоделството и зголемен рурален развој. Реализирани се многу нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерна земјоделска механизација, системи за наводнување и мали бизниси од рурални средини. Новите капацитети значат золемено производство, нови вработувања, поголем рурален туризам и зголемена домашна економија, рече Николовски.

Според него, радува фактот што од 2 369 договори, дури 859 се склучени со млади земјоделци, чии инвестиции во земјоделството изнесуваат девет милиони евра.

„Она што дава уште поголема тежина на овие бројки е фактот дека сите инвестиции финансирани од ИПАРД ги исполнуваат строгите ЕУ стандарди“, подвлече министерот.

љ

На настанот се обрати и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, нагласувајќи дека новиот програмски период на ИПАРД 3, почнува со 62 отсто поголем буџет во споредба со ИПАРД 2.

„Ова е нова страница во развојот на мекедонското земјоделство кое ќе го зголемува извозот на пазарот во ЕУ и ќе ни даде добра основа за многу повеќе и поголеми структурни европски фондови, бидејќи тоа го носи членството во Унијата. Ова е воедно потврда и најсилен доказ зошто сме и зошто треба да останеме на европскиот пат“, потенцира Маричиќ.

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски потсети дека институциите вложија големи напори во промовирање и афирмирање на ИПАРД Програмата.

„Целта беше запознавање на крајните корисници со сите услови, критериуми и правила, но и испраќање силна порака дека ИПАРД не познава вери, нации, припадности, политички проминиенции. ИПАРД е тука да го поддржи секој што приоѓа со добар проект. Целта на ИПАРД е да го поддржи земјоделството, да го поттикне руралниот развој и стопанството во руралните средини“, рече Бачовски.

ИПАРД 3 програма која беше презентирана на настанот, е различна од ИПАРД 2 по неколку основи. Покрај четирите веќе акредитирани мерки од ИПАРД 2, ќе се акредитираат четири нови мерки – за рурална инфраструктура, за локални акциски групи (ЛАГ-ови), за агроекологија, клима и органско производство, како и за советодавни услуги.

Министерот Николовски ги информираше градоначалниците за новата Мерка за рурална инфраструктура која ќе биде акредитирана во 2024 година и која е наменета за општините. На располагање, рече, ќе имаат 17 милиони евра за инвестиции во обновливи извори на енергија, локална патна ифраструктура, водовод и канализација за поголем развој на руралните подрачја. Се воведува и нов начин во обезбедување на потребната документација, ќе се  користи електронски системи за набавка на документи од Централен регистар, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот и ќе се намалат трошоците за корисниците.

Најголема новина, истакна Николовски, е што со ИПАРД 3 се овозможува авансна исплата до 50 отсто од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот, што ќе биде големо олеснување за побрза раелизација на сите инвестиции и голема финансиска помош за полесен старт на проектите.

Во мај и јуни ќе биде спроведена интензивна теренска информативна кампања во сите региони. Предвидено е да се посетуваат по две населена места дневно, а првиот повик од ИПАРД 3 програмата треба да биде објавен кон крајот на јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ