недела, 12 јануари 2025
Трибина „МК во ЕУ до 2030“

Македонија е како светилник на напредок и рамноправност на глобален план, смета лидерот на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Од земја извор на кризи со СДСМ станавме пример за мирно решавање на конфликти и дома и со соседите и тоа по пат на дијалог. Со СДСМ станавме фактор на регионална стабилност и пример во регионот, земја во која се депонирани потписите од договорите меѓу земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес“, потенцира Ковачевски.

Според него, државните успеси и позиционирањето на држава на меѓународен план се најсилен доказ и најголем показател за резултатот на државничките политики на СДСМ и додаде дека „како резултат на позитивните политики на СДСМ, денес седиме на главните маси каде се одлучува за иднината на Европа и светот“.

г

„И оваа 2023 година ја започнавме со нов успех за македонската дипломатија, за македонската држава. Од први јануари ние сме претседавач со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во која членуваат 57 држави, меѓу кои и САД и Русија. Ако се навратиме наназад, 30-тина години од нашата независност, уште поголема и подрастична е разликата. Од независноста до денеска СДСМ е носителот на државничките процеси, на напредокот, на демократските промени и на остварувањето на стратешки цели, членство во НАТО и членство во ЕУ. 30 години подоцна, ние сме земја чиј премиер е поканет да зборува пред Совет за безбедност без да сме ние членка на Советот, земја со почнати преговори во ЕУ, со веќе внесен македонски јазик во европското законодавство. И кога велиме дека СДСМ е 30 години на вистинската страна на македонската државност и државотворност треба да бидеме горди“, рече во обраќањето претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

д

Потоа тој се осврна на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ изнесувајќи оценка дека таа партија не поддржала ниту една стратегиска одлука за државата.

„Што правеше ВМРО-ДПМНЕ? Ништо. Досега немаат поддржано ниту една стратешка одлука. И да не заборавиме дека седеа на страна, блокираа Собрание, фрлаа молотови коктели, свиреа со вувузели и ширеа хистерија за бугаризација и асимилација што се покажа како најголема лага. Тоа се со една изјава на Мицкоски беше поништено, сосе сите нотарски изјави. Но, останува фактот дека не поддржаа ниту една одлука за зачленување во НАТО, не поддржаа ниту една одлука до сега за зачленување во ЕУ. Најеклатантен пример е гласањето на договорот Фронтекс. Тој договор е прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ. Ниту тоа не го поддржаа и не влегоа да го гласаат за да го ратификуваат во Собранието. Оправдувањето им е дека не го слушнале ѕвончето“, потенцира Ковачевски .

И најновата одлука на Бундестагот не беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии, рече Ковачевски, додавајќи дека ДПМНЕ не направиле ништо за македонскиот идентитет, воопшто не лобирале за оваа Резолуција во германскиот Бундестаг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ