вторник, 22 октомври 2024
Фантастичен настап на младите македонски ракометари на СП во Хрватска

Македонија е деветта во светот, македонските надежи ја победија и Чешка!

Објавено на

часот

Сподели

Младите македонски ракометари предводени од селекторот Раде Стојановиќ одиграа фантастично Светско првенство и го остварија најдобриот резултат досега во оваа возрасна група.

На денешниот меч со Чешка уште на стартот почнавме да се одлепуваме, водевме со 7-3 и 13-9, но Чесите намалија и на полувремето заминавме само со два гола позитива, 13-11.

Како и вообичаено на ова Светско првенство, немаше пад на Македонија во второто полувреме, напротив бевме уште подобри и на крајот дојдовме до победа од 28-22.

Македонија ја предводеше средниот бек, кој беше МВП и на дуелот со Австрија, во главната рунда, Мирче Калајџиески, овој пат со неверојатни 12 гола од 14 обиди, осум постигна Давид Димевски, четири Марио Стојановски, а Давид Брестовац запиша 10 одбрани.

На ова Светско првенство Македонија ги победи Грузија, Црна Гора, Австрија, Унгарија и Чешка, а загубивме само од Данска и Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ