сабота, 27 јули 2024

Македонија добро почна против Шпанија, но го загуби мечот

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија загуби со 1-3 од Шпанија во шестиот натпревар од Европската златна лига, втор на турнирот во Осјиек.

Објавено на

часот

Сподели

Нашиот национален тим одлично го отвори натпреварот, првиот сет го освои со 25-17 и имаше услови да направат изненадување. Сепак, Шпанците се разбудија во продолжение и следните три сета ги доби со идентичен резултат – 25-22.

Капитенот Никола Ѓоргиев одигра одличен натпревар и беше најдобар поединец со 29 поени. По шест одиграни натпревари, Македонија има биланс 1/5 и се наоѓа на десеттата позиција на табелата со пет бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ