Македонија се најде во првата група, а противници ни се Словенија, Литванија и Естонија.
Првите две селекции од секоја група и најдобрите четири третопласирани обезбедуваат учество на Европското првенство.
Квалификациите почнуваат во октомври, прво играме со Естонија дома, а потоа гостуваме кај Литванија. Во март 2025 година имаме два дуели со Словенија, прво на наш терен, а потоа на гости. Завршуваме во мај кога прво ќе гостуваме кај Естонија, а потоа ќе ја пречекаме Литванија.