сабота, 1 март 2025

Maкедонија би можела да изгуби 12 милиони долари по замрзнувањето на парите од САД

Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство.

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека она што го добивале државните институции се експерти кои доаѓале како помош и поддршка за реализација на проекти.

„Ние сме единствена земја која успеа додека бев во Ваштингтон да договори со поддршка на американската Амбасада да добиеме постојана поддршка на лица оттаму за Министерството за финансии во секој сегмент“, рече Димитриеска-Кочоска.

Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата. Тој објасни дека ваквите дотации треба да поминат проверка за усогласеност со политичките цели на новата администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ