четврток, 19 септември 2024

Македонија без промени на последната ранг листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 72. место на ранг листа на ФИФА, која е објавена во месец септември.

Објавено на

часот

Сподели

Ремито против Фарски Острови и победата над Ерменија, на Македонија и донесоа 2,55 поени повеќе на ранг-листата на ФИФА, но тоа не беше доволно за никаков прогрес.

„Црвено-жолтите“ останаа на 72. место на септемврската листа која беше објавена денеска.

Промени нема ниту на врвот, Аргентина е на чело пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

Од нашата група во Лигата на нации, Eрменија е на 96. место, Летонија е 137. светска сила, додека Фарските Острови се на 140. место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ