сабота, 19 октомври 2024

Македонец претепан во Ниш

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот навивач, кој присуствува на натпреварите на Европското првенство во ракомет, се наоѓа на Неврохирургија при клиничкиот центар во Ниш. Нишката полиција изјави дека не може да даде повеќе детали за случајот и само потврди дека повредениот навивач е полнолетен и дека има лесни телесни повреди.

Сепак, на клиниката, лекарите велат оти дијагностиката не била завршена, па затоа и не давале детали за повредите што ги добил Македонецот.

Според неофицијалните информации на Б92, повреденото момче било нападнато од група лица што од порано имаат куп пријави за насилничко однесување. Но ниту за ова нема официјална потврда од нишката полиција.

Ова е втор инцидент за неполн ден, откако македонските навивачи вчераутро ги дочека графит „Македонија е српска земја”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ