четврток, 20 јуни 2024

Македонец – Паско Кузман (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Така е запишано

Ништо да не бидеме

Ти без мене

Јас без тебе“

Однатре Македонец,

Во душата ми се вдомиле

Од осми век пред Христос,

До вчера денес и утре

Македонците и другите

Добродојдени божества

И обични луѓе

Со добра мисла

И добри намери.

Однадвор Словен,

На кожата ми се налепиле

Од шести век наваму

Белези на цивилизациите.

Сите ми завидуваат

На мојот вечен спој.

Со единственото име,

Ете тоа сум јас,

Тоа е Македонија.

Sub specie
Aeternitatis.

„Само ти си бесмртна

Жива вода подземна

Кај што тонеш

Ти извираш“.

[video: https://youtu.be/i1UNoF3Laik autoplay:0]

(Песни на Паско Кузман прв пат беа претставени на промоцијата на книгата на професорка др. Иванка Василевска, а ги прочита Зоран Љутков.)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ