сабота, 27 јули 2024

Македонец и Пакистанец криумчареле Кинези

Полицајци од Сопот ги лишиле од слобода Д.М. (26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А. (28) од Пакистан, поради сомневање дека сториле кривично дело криумчарење мигранти.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај село Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово. По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ