сабота, 27 јули 2024

Македонец еден од победниците на 24-от Код ИТ организиран од Мусала софт, дел од Киншифт

Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24-от меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12-те финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале.

Објавено на

часот

Сподели

CodeIT е создаден од Мусала софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2.300 натпреварувачи од повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина и други.

„Мусала софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи. Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите,“ истакна Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.

Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од 5 земји, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска. Масовното учество на програмерите од овие земји говори за одржливите традиции во информатиката и растечката популарност на програмирањето.

„Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело. Ви благодариме на сите вклучени во текот на речиси четвртвековната историја на заедницата CodeIT“, истакна Елена Маринова, ко-основач на Мусала софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.

За натпреварот е одговорен тим од над 40 елитни натпреварувачи и олимпијци по информатика од Мусала софт (CSLAB – Computer Science Lab), кој досега во текот на 23 години има креирано повеќе од 300 задачи. Во 2011 година, натпреварот усвои нов формат во кој секоја сезона е поделена на два вида натпреварувачки делови – СПРИНТ (5+3 задачи) и МАРАТОН (1 задача). Фазите вклучуваат „брзи и бавни“ задачи, распоредени во шест круга задачи. Најдобрите 12 натпреварувачи влегуваат во големото финале. Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до 8-мо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите 5 џуниор натпреварувачи од секоја сезона се натпреваруваат во финалето, формирајќи посебен младински ранг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ