петок, 18 октомври 2024

Македонците во Пустец се подготвуваат за летната сезона

Објавено на

часот

Сподели

„Во просториите на општината одржавме последователна средба со претставници на соодветните служби и институции на која се разговараше за прашања поврзани со реализацијата на туристичката сезона. Тука формирање на работни групи и утврдување на календар за контрола, евидентирање, известување и решавање на проблемите“, информираше градоначалникот Пали Колефски.

Додаде дека е договорено формирање работни групи и изработка на акциска програма за туристичката сезона во сите 9 села од Општината, за безбедност на странските и домашните туристи на Преспа.

„Договорено е обезбедување на плажите со ознаки за ориентација и заштита, како и соработка со други институции за избегнување на настани кои влијаат на безбедноста на посетителите. Исто така ќе се врши контрола на јавни простори, строга контрола за тоа каде се фрла на отпад без критериуми и отпадоци на главните улици“, посочи тој.

Како и во изминатите години и сега приоритет ќе биде преземање мерки за спречување и гаснење на пожари.

Општина Пустец со подобрувањето на условите, станува се почеста дестинација за посета и на странските туристи.

Освен чистите езерски води, општината располага и со значајни културно историски објекти примамливи за туристите, пештерската црква “Света Богородица, манастирот “Света Марена”, природните убавини на Националниот парк “Преспа” и секако островот Мал Град.

А македонското друштво „Сонце” денеска во Тирана  учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Албанија.

На настанот организиран од припадниците на  грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии.

„За нас, како и за другите малцинства, ова е многу значаен настан, каде може да  презентираме дел од нашата традиција. Овој пат, како што се гледа,  се претставивме со традиционалото јадење на Македонците од Мала Преспа,  тава со крап, што е наш специјалитет, надалеку познат, како и со традиционалните носии од Мала Преспа“, рече за МИА Васил Стерјовски, претседател на друштвото.

јкјк

Фото: МИА

Присутните покажаа забележлив интерес за македонскиот штанд, а добар дел од нив вкусија од храната.

На активноста учествуваа и дипломати од дипломатскиот кор и претставници од централната и локалната власт.

Претседателката на Комитетот, Константина Бежани, ги поздрави присутните и вети продолжување на поддршка за активности на малцинствата, во зачувување на нивниот етнички, јазичен, културен идентитет.

На настанот присуствуваше и вториот човек во Македонската амбасада во Тирана, Лутвим Cпахиу, кој ги поздрави присутните, како и Марјана Костофски, претставник на македонската заедница во Комитетот за национални малцинства. 

Со Македонците од Мала Преспа беше и Васил Јанкула, попознат како преспанскиот херој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ