сабота, 27 јули 2024

Македонците во Албанија се подготвуваат за богата прослава на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители

Објавено на

часот

Сподели

Манифестациите, во соорганизација на Македонското друштво „Сонце, од Албанија и Друштвото за литература и култура „Мацково од Македонија, ќе се одржуваат во центарот на Мала Преспа и седиштето на општината, населбата Пустец, како и во селото Глобочани, кај паметникот на големиот писател, Македонец, Стерјо Спасе, односно во Спомен – музејот „Стерјо Спасе”.

Најавени се низа промоции на книги и поетски читања.

Промоција ќе доживее и капиталното дело „Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република АлбанијаСлучај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка.

Исто така, ќе биде претставено литературното творештво на писателот Васил Шумкапо потекло од село Долна Горица, Општина Пустец, додека на 4 годишнината од неговата смрт, најавено е одбележување на поменот и споменот за животот и делото на Спасе Мазенковски.

Тој беше познат поет, писател, новинар и публицист, по потекло од селото Леска, Општина Пустец, а, меѓу другото, го уредуваше весникот „Мала ПреспаНегова поезија, ќе интерпретираат учениците од Централното, средно училиште на Општина Пустец, „Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиевски”, додека за творештвото на Мазенкоски ќе говори професор д-р Катерина Тодоровска од Институтот за национална историја во Скопје.

Специјален гостин на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, ќе биде познатиот хрватски поет и македонист – учесник на книжевни средби и добитник на врвни македонски признанија, Валерио Орлиќ.

За таа прилика, од Тирана во Пустец, најавија патување и учество хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ, заедно со амбасадорот на Македонија, Данчо Марковаски.

Хрватскиот поет Орлиќ е на голема книжевна турнеја низ Хрватска, а по повод Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, во Македонија и меѓу Македонците во Албанија.

На 23 мај, во 12 часот, во Музејот на македонската борба, во објектот „Порта Македонија, професор д-р Васил Тоциновски ќе ги претстави поетскиот опус и најновата збирка поезија на Орлиќ, „Љубов распослана по моретоСтихови на хрватски ќе чита авторот, додека на македонски Сашо Огненовски.

Покрај во Скопје, неговото создавање, со промоција на стихозбирката „Љубов распослана по морето, ќе бидат претставени во Охрид, на 26 мај, во организација на НУ библиотека „Григор Прличев, како и во Битоа, на 31 мај, вечерта од 19 часот.

Валерио Орлиќ е основач, сега почесен претседател на Хрватското книжевно здружение.

После големата турнеја по Македонија и Албанија, Орлиќ ќе биде гостин на 21-те по ред „Јадрански книжевни средби во Црквеница, Хрватска, од 3 јнуи, каде ќе биде претставено неговото книжевно создавање.

В.М.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ