сабота, 27 јули 2024

Македонците најголеми мераклии за бугарско државјанство!

Објавено на

часот

Сподели

Македонци – големи мераклии за бугарско државјанство

Ова денеска го објави бугарскиот портал „Монитор“, кој Македонците ги нарекува „мераклии за бугарско државјанство“.

„Монитор“ пренесува изјава на Росен Иванов, шефот на Агенцијата за Бугари во туѓина, кој вели дека по Нова година бројот на Македонците што поднесуваат барање за бугарско државјанство нагло се зголемил дури за два и пол пати отколку што изнесувал кон крајот на минатата година.

Иванов истакнал дека пред Агенцијата секој ден има голема колона Македонци што чекаат изработка на бугарски документи.

„Не можеме технички да постигнеме и да ги обработиме сите барања за бугарско државјанство. Затоа до 16 јануари нема да примаме нови барања за докажување на бугарското потекло. Интересот за вадење бугарско државјанство е огромен“, вели Иванов.

Тој нагласува дека освен од Македонија, барања за бугарски државјанства поднесувале и граѓани од Србија, Украина и од Молдавија.

„Сите тие пред бугарските власти се декларираат дека сакаат да живеат и да работат во Бугарија. Многу веројатно е дека тоа им е само изговор за да можат потоа да го користат бугарскиот пасош за слободно движење во земјите од Европската Унија“, вели првиот човек на Агенцијата за Бугари во туѓина.

Само минатата година Бугарија им издала државјанство на 13.607 лица, од кои 8.291 биле од Македонија. Од 2002 до 2011 година, пак, бугарски државјани станале 42.372 Македонци и 18.646 Молдавци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ