сабота, 27 јули 2024

Македонци од Британија до Македонија на европското хуманитарно патување

Објавено на

часот

Сподели

„Секаде бевме добро пречекани, планот сега е да останеме малку во Делчево да продолжиме кон Св.Николе потоа и Кавадарци, Струмица и Скопје, но прво да се стабилизираме малку да си поверуваме дека сме во Македонија“, истакна делчевецот Кико Маневски по потекло од делчевско Тработивиште.

Во заедничкото патување со хуманитарна мисија освен Маневски учествуваа и кавадарчанецот Трајче, Дејан од Свети Николе, британецот Трико Џо и Драган од струмичко Ангелци. Главната цел како што додаде Маневски е да се соберат средства за поддршка на таканаречената авио-амбуланта во Лондон и Домот за деца без родители во Македонија.

„Пораката е значи да направиме нешто различно, свесни сме дека не можеме многу да направиме, но сакаме да ги поттикнеме и другите секој по малку да помогне онаму каде што може. Се разбира и да внесеме малку позитивност во нашите животи и опкружувањето“, додаде Маневски.

Британецот Трико Џо се заблагодари за гостопримството, љубезноста и поддршката од луѓето во сите земји каде престојувале за време на нивната мисија.

„Благодарност за тоа што ги следевте нашите активности, до сите кои донираа, кои ни помогнаа во одредени ситуации и за целата љубезност која ја имавме во текот на ова патување“, рече Трико Џо.

Македонците ентузијасти кои вечерва ќе присуствуваат на промоцијата на книгата „Лондонски хоризонти” од Васил Маневски, најавија дека ваквата мисија ќе продолжи и во наредниот период, очекувајки да им се придружат уште повеќе ентузијасти, како од Македонија, така и од другите европски земји. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ