четврток, 30 мај 2024

Македонците внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Во Македонија се внесува 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес. Препорачано е да не се внесува повеќе од пет грама сол на ден, а кај нас просечен дневен внес на сол е 12,1 грама, информираа денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Недела за подигнување на свесноста за солта.

Објавено на

часот

Сподели

Овогодинешната тема на Неделата за подигнување на свесноста за солта е „Време е да се сврти вниманието на солта“, истакнувајќи го прашањето за „скриената“ сол – натриум, во многу преработени и ултра-преработени производи, појаснуваат од ИЈЗ.

Во многу земји, како што додаваат, три четвртини од натриумот во исхраната доаѓа од ултра-преработена и преработена храна, како што се леб, сосови и преливи, крекери и колачиња, готови оброци, преработки од месо и сирења.

Институтот за јавно здравје, како „чувар на вашето здравје“, ви препорачува да го ограничите внесот на солта на пет или помалку од пет грама дневно, апелираат од ИЈЗ.

Педесет и еден отсто од препорачаниот дневен внес на сол се внесува преку лебот.

Од ИЈЗ препорачуваат добро да се гледаат етикетите на производи пред да се купат, за да се одберат оние со помалку сол, да се отстрани соларникот од трпеза, да се користат природни билки и зачини како замена со цел да се подобри вкусот на храната, да се пие доволно вода, како и да се избегнува преработена храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ