среда, 29 мај 2024

Македонците од Бугарија до победниците на изборите – не нѐ заборавајте!

Честито! Од името на Македонците во Бугарија ги поздравуваме победниците на изборите во Република Македонија. Искористете го мандатот на народот мудро и не го заборавајте делот на македонскиот народ што живее во Бугарија, се вели во честитката на ОМО Илинден-Пирин, партијата на Македонците во Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Од идната влада очекуваме дела: крај на понижувачките компромиси, активно залагање за правата на Македонците во соседните земји и доследна одбрана на интересите на македонскиот народ.
Во тоа ќе ја имаат целата наша поддршка“, оипува во пораката објавена на фејсбук-страницата на ОМО Илинден-Пирин. На пораката се потпишани и ОМО Илинден, Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија, Македонски дискусионен клуб за етничка толеранција, клуб Антички Македонци и Право-заштитен комитет Толерантност.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ