Во овие заложби им се придружија и партиите на други малцинства во земјата и заедно доставија барање до надлежните албански инститции но и претставниците на меѓународните организации и странски амбасади.
„Нашата партија, МАЕИ, како и партиите на Власите, Ромите и Египќаните, обединети во заедничкиот стремеж за подобрување на демократијата и заштита на правата на малцинствата, поднесовме барање до групата за дијалог при албанското Собрание, која е надлежна за подготвување на новиот Изборен законик“, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Барањето, како што посочува, е да се вклучат гаранции за загарантирани места на малцинствата во Парламентот во новиот Изборен законик.
„Сметаме дека малцинствата се богатство на една земја и заслужуваат почит и заштита на нивните права. Истото барање го поднесовме и до меѓународниот фактор во Албанија, бидејќи сметаме дека поддршката на малцинствата е важен дел од изградбата на посилна и поинклузивна заедница. Заедно се бориме за посилна и поинклузивна Албанија“, вели Стерјовски.
Според него, загарантирани пратенички места за малцинствата има во повеќе држави, меѓу кои и во Хрватска, Косово, Романија.