сабота, 27 јули 2024

Македонците од Албанија упатија официјална честитка до Сиљановска Давкова

Македонското друштво Илинден од Тирана, денеска испрати официјална честитка до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор изразувајќи и голема поддршка од име на Македонците од Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

„Со особено задоволство, во името на Македонско друштво Илинден од Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви ја честитам големата победа за претседател на Република Македонија, која ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори“, пишува во честитката.

Во неа уште се наведува дека „историската победа на претседателските и парламентарните избори,  одржани на 8 мај 2024 година означува ново поглавје за Република Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина”.

„Имате огромнa поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодатта на македонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот етнички, јазичен, културен и историски идентитет на Македонците во целиот свет. Почитувана претседателке на Република Македонија, Ви упатуваме изрази на највисоко почитување“, се нагласува во честитката на МД Илинден потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ