сабота, 27 јули 2024
Mеѓународна научна конференција

Maкедонците и Граѓанската војна во Грција (1946 – 1949): 75 години потоа

Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“  заедно со три научни институти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, по повод 75-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција организираат меѓународна научна конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Научната конференција со наслов „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“, ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во Скопје на 29 март (петок), со почеток во 10.30 часот.

Конференцијата ќе биде еднодневна, а се очекува научната конференцијата да ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф д-р Биљана Ангелова.

Излагачи на конференцијата ќе бидат и Александар Манојловски, Билјана Ристовска-Јосифовска, Тодор Чепреганов, Танас Вранижовски, Александар Симоновски, Јетон Доко, Александар Литовски, Благоја Марковски, Наташа Аврамовска, Лидија Танушевска, Јасминка Делова-Силјанова…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ