сабота, 21 декември 2024

Македонци кривично ќе одговараат во Бугарија, полицијата им пронашла 137 килограми марихуана

На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца Македонци со 137 килограми марихуана, јавија денеска бугарските меидуми.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Под раководство на Окружното обвинителство во Ќустендил се води истрага за шверц на наркотични супстанции преку граница.

На 18 декември 2024 година, околу 22:30 часот, на влезот за камиони на граничниот премин (ГП) Ѓуешево пристигнале две товарни возила со регистарски таблички од Македонија, натоварени со руда за Турција.

Царинските инспектори ги селектирале возилата за детална контрола. Во приколката на вториот камион биле пронајдени специјално изработени скриени прегради во дрвените хоризонтални рамки. Во нив биле откриени 320 пакети со наркотична супстанца марихуана, со вкупна тежина од 137,045 килограми.

Возачите на камионите, македонските државјани Г.Н. и И.М., се осомничени и обвинети во постапката.

Со одлука на јавниот обвинител, лицата се задржани во притвор во траење од 72 часа. Во наредниот период ќе биде побарано судско определување мерка „притвор“ за обвинетите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ