сабота, 18 мај 2024

Македонци и пред споменикот на Гоце Делчев на скопскиот плоштад

По повод 121-годишнината од загинувањето на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, денес, 4 мај, на денот на погибијата на великанот, пред неговиот споменик на скопскиот плоштад „Македонија”, група македонски родољуби се собраа да му оддадат почит, благодарност и да се поклонат пред неговото дело.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу нив беа академик Љупчо Коцарев, Ставре Џиков, поранешен државен јавен обвинител, хроничар и публицист, Кочо Топузоски, поет и историограф, Фиданка Танаскова, новинар и публицист, Горан Митевски – Гоце, поранешен полициски генрал, професорот Константин Димитров, Владимир Пандовски, медиумски менаџер, Христо Ивановски, новинар…
Генералот Методија Величковски, поранешен началник на ГШ на АРМ, во своето кусо обраќање ги потсети присутните на ликот и делото на водачот на македонската револуционерна борба и духовниот инспиратор на сите генерации Македонци за создавање на слободна и независна македонска држава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ