На социјалните мрежи се појави сведочење од навивач за голготата што ја поминале дел од нашите фанови. Тој вели дека тие биле апсени поради знамето од Кутлеш, плаќале по 173 евра глоба, а биле и потчинувани од хрватската полиција.
Ваквата промена во однесувањето на обезбедувањето и полицијата во Хрватска доаѓа на ден по соопштението од ИХФ во која тие ги криткуваа Хрватите дека не си ја вршеле работата кога се во прашање македонските навивачи.
Покрај сведоштвата на македонските навивачи, на социјалните мрежи се огласи и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски кој исто така ја истакна тортурата која ја прави обезбедувањето кон Македонците.
На ИХФ и Хрватите им пречат македонските навивачи, а без нив салата во Вараждин ќе биде празна, натпреварите ќе се играат во театарска атмосфера каква што е во другите сали.