Весникот „Курир“ ја организирал акцијата на полувреме, а се шутирале седмерци. Бранел српскиот музичар, Игор Лазиќ – Нигор, кој во младоста бил ракометен голман. Шутирале гледачите, кои фатиле импровизирана топка, а меѓу нив и едно младо Македонче.
Нашиот навивач, кој останал во Арена за да го следи и последниот дуел од групата, откако Македонија несреќно загуби од Данска, погодил седмерец, и тоа со лоб, и успеал да го совлада несовладливиот Нигор. За награда добил дрес од српската репрезентација.