петок, 18 октомври 2024

Мајсторски гол на Далот за победа на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2-1 победи на гостувањето кај Шефилд јунајтед, победничкиот гол беше дело на Диого Далут во финишот од мечот.
 

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед добро го почна натпреварот, поведе во 28. минута со гол на Скот Мектоминеј кој во последно време е голгетерски расположен и за клубот и за репрезентацијата на Шкотска.

Шефилд јунајтед брзо го изедначи резултатот, само шест минути подоцна Мекбрни даде гол од пенал за 1-1.

Манчестер јунајтед долго време се обидуваше да го врати водството, тоа конечно им успеа во 77. минута кога по асистенција од Линделоф, Далот прекрасно пласираше со шут надвор од шеснаесетникот за победа на Јунајтед од 2-1.

Ова е најлош старт на сезоната во историјата на Шефилд јунајтед кој по девет одиграни меча има само еден освоен бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ