сабота, 27 јули 2024

Мајкрософт треба да плати казна од 3,3 милиони долари, ги прекршил санкциите

Објавено на

часот

Сподели

Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите кои САД им ги вовел на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии.

Санкциите ги прекршил во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим, соопшти Министерството.

Санкциите беа прекршени, меѓу другото, затоа што не беа собрани сите или не беа собрани точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на Мајкрософт, соопшти Министерството за финансии, предупредувајќи на слабостите во процесот на проверка на Мајкрософт. Во 2014 година Русија го анектираше украинскиот Крим.

Американското Министерство за финансии забележува дека Мајкрософт доброволно обелоденил дека ги прекршил санкциите. Мајкрософт нагласи дека соработувал во истрагата и додаде дека е задоволен од спогодбата.

„Мајкрософт многу сериозно ја сфаќа контролата на извозот и почитувањето на санкциите и затоа, откако дознавме за пропустите и прекршувањата на неколку вработени во процедурите за проверка, доброволно го пријавивме тоа кај властите“, изјави портпаролот на софтверскиот гигант.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ