Некогашниот светски првак Вилијамс, кој во последната декада, сериозно заостанува зад конкуренцијата, го ангажирал Џонсон, за да ги тренира механичарите на тимот. Желбата е да се забрза работата во пит-стопот на тимот.
„Договоривме соработка со компанијата која ја основаше поранешниот олимписки шампион на 400 метри. Сакаме во нашиот тим во пит-стопот да обезбедиме интензивна програма за тренинг“, стои во соопштението на Вилијамс Ф1.
Џонсон поранешен светски и олимписки првак на 200 и 44 метри и се уште актуелен рекордер на 400 метри, рекорд кој се очлекува да го собори Усаин Болт во следните три години.
„Уверен сум дека искуството и биомеханичката експертиза може да ја зголеми брзината на работа за неколку десетина секунди“, рече Џонсон, чија компанија Michael Johnson Performance Inc, веќе соработувала со НФЛ тимот Далас Каубојс и со фудбалската екипа на Далас.
Сезоната во Формула 1 стартува на 18 март со гран-прито во Австралија