Младиот Михаил е избоден до смрт од навивачите на Динамо Загреб кои пристигнаа во Атина и покрај забраната да влезат на стадионот.
Грчките медиуми јавуваат дека мајката на Михаил добила срцев удар кога дознала дека нејзиниот син е убиен.
Таа веднаш била пренесена во болница каде и била спасена. Била однесена во истата болница каде што се наоѓаат повредените навивачи од инцидентот.
Мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб кој требаше да се игра вечерва во Атина е откажан поради нередите.